Во минатото, начинот и интензитетот на комуникација помеѓу луѓето, се чини, биле значително поограничени во однос на денешните можности. Интернет-светот ги чини сите далечини совладливи и сечии секојдневија меѓусебно, во доволна мера, совпадливи.
На 7 август во 20:00 часот, во Монтажната галерија во Паркот на Франкофонијата се одржа отворањето на самостојната изложба „Homo archīvālis“ на уметницата Анастасија Саздовска. Простор каде што се отвора архивата под кожата и се преточува процесот од борови саѓи, игла и крв во длабоко врежан белег врз коските на предците.
Во особено чудна иронија се прпелка фактот дека терминот кој денес го користиме за да ја опишеме убавината на темнината првично е „скован“ како навреда. Џорџо Вазари, големиот редар на ренесансната доследност, ги означува издигнатите катедрали на Северна Европа како „чудовишни и варварски“ и нивните зашилени лакови им ги припишува на примитивните готи кои го опустошија Рим. Сакајќи да сотре стил, тој ѝ дава име на една цивилизација. Пејоративот станува баштина.
Кондовски е една од оние личности чие творештво, гледано од сегашна перспектива, вклучува историски условени и оправдани напори за интеграција на современата критичка корекција во процесите на создавањето на новата, модерна уметничка традиција на апстракција во Македонија.
Овој е натчовекот на Ниче делумно во ликот на Зорба кај Казанѕакис. Таквиот човек, динамичен кон самиот себе е ограничен и никогаш вистински слободен. А парадоксот е колку повеќе се вдлабочува во самиот себе толку повеќе се губи надвор од себе.
И сфатив дека Керкегор е „Добар Исак“, дека Ван Гог е „Добар Исак“, дека Кафка е „Добар Исак“, дека Ијан Кертис е „Добар Исак“. Така што името постоело и пред групата, а потоа се поврзало со групата.
Филмот „Андреј Рубљов“ е еден од најголемите уметнички подвизи во историјата на кинематографијата. Тарковски создава филм што ги надминува границите на обичната историска драма и влегува во домените на егзистенцијалната и духовна рефлексија. Повеќе од биографија, ова дело е медитативен и духовен портрет на уметникот, во контекст на средновековна Русија, разорена од татарските инвазии и политичките конфликти.
„Колку поголема е трагедијата на животот, толку посилна мора да биде верата“