МН. Настани
ВИД ЗБОР: Именка, Машки Род
Важно Случување, Факт, Појава Во Општествениот Или Во Личниот Живот.
На 8 јули годинава ја имав честа да просведочам настапи на два од најголемите генерациско-дефинирачки бендови од раните 2000-ти и еден култен бенд од ’90-тите, кој воопшто не беше активен до минатата година. Еден од нив не само што ја дефинираше генерацијата родена околу новиот милениум, туку продолжува да резонира и со помладите генерации.
На 7 август во 20:00 часот, во Монтажната галерија во Паркот на Франкофонијата се одржа отворањето на самостојната изложба „Homo archīvālis“ на уметницата Анастасија Саздовска. Простор каде што се отвора архивата под кожата и се преточува процесот од борови саѓи, игла и крв во длабоко врежан белег врз коските на предците.