rostra - forum Efimini
Се сеќаваш на оној филм што не те оставаше со денови да заспиеш? И на оној филм што сакаше да им го предложиш на сите околу тебе? Ова е форумот на кинефилите. Правила: Коментарот или репликата започнува со името на филмот, годината на продукција и режисерот, рецензијата а завршува со ваша оценка на скала од 1 до 10.
Денес, во подемот на глобализацијата, движени од духот на времето кон свеста за една нација би рекол некој дека сме сведоци на хомогенизација на културите а затоа примери има многу: секаде се јаде иста храна, се слуша иста музика, се следат исти трендови, се страда од исти проблеми. Па, оттука, се поставуваат прашањата: кои се резултатите на глобализацијата и дали може да се гледаат поларно и како човекот да го сочува автентичниот идентитет во горе опишаните околности?