Кошница

🛒

Кошницата е празна

Списанија →
Почетна
Категории
Форум Списанија За нас

Остави коментар

6 Коментари

Дабедин 15 August 2026

Гледам дека ова е прв коментар. Ајде на здравје дечки. Се враќаат деновите на висење по форумите на КАЈГАНА! Носталгии...
Околу сочувувањето на идентите би навел една интересна анегдота за Сократ (не ми текнува во која збирка го сретнав) каде, парафразирам, кога го прашувале Сократ од каде доаѓа/од каде е, тој враќал со: Јас сум граѓанин на светот. Знаел Сократ дека е безумно да се поистоветува со некаков национален идентитет од момент што тоа е човечки конструкт и оттука - помало од Човекот.

СветулкиМр3 18 August 2026

Идентитетот е многу чудна работа во принцип. Колку што е свесен, толку повеќе е несвесен и впрочем, тоа е добро. Да беше се' на нас, тешко дека ќе успеевме самите да изградиме еден толку сложен концепт de novo. Тука е материјалното, тука е духовното, тука е и душевното, традицијата, детството, растењето, искуствата (позитивни и негативни), но повторно, не е доволно за да биде се'. Глобализацијата наметнува речиси оправдан страв дека идентитетот ќе исчезне како поим засебе, освен ако е поставен во контекст, колектив и маса, меѓутоа, сето тоа се однесува само на онаа компонента која нам ни е освестена и позната, а тоа верувам дека не е многу. Така што, нема простор за толку голем скептицизам, нешто што не ни е целосно спознато и на дофат, а е толку суштинско и наше, не можеме да го изгубиме така лесно, оти не знаеме ни што е тоа што би го изгубиле. На крајот од денот, суштината е една и суштината е иста.. а која е, можеме само да прашуваме и да ги бараме одговорите додека сме живи : ) Оптимистичен поздрав! : )

Гена 18 August 2026

Ова дизајнов е многу тешка работа да ви кажам право, склет ме фаќа Скопје е пекол.
Иначе на тема на глобализација, имавме предавања за современа уметност на факултет и константно зборувавме за уметноста во светот, со некои македонски имиња нафрлени ваму таму и ми беше многу тешко често да се приврзам со тие автори (странските), што на крај само мислев дека сум глупава што не разбирам. Потоа дојдов до некаков заклучок дека всушност нашево мало државиче е толку далеку од таквите умови, што нашите генерации, или барем тоа е мое мислење, треба да почнат од нула, square one шо се вика.

Инаку му го отворив ова како тема на дискусија на професорот, дека треба да бидеме малку по реални и да се приземјиме од време на време, и или не ме сфати што сакав да му кажам или пак процени дека тоа е многу глупава тема за муабет и дека не треба ни да си го троши мозокот :^P

Риче 18 August 2026

Многу ми е интересно тоа што во мали средини постои посебен локал патриотизам и посебно чувство на припадност какво што нема во големите градови, веројатно затоа што луѓето се поврзани роднински и пријателски со генерации

СветулкиМр3 18 August 2026

Се надоврзувам на последниот коментар.. Големите места имаат тенденција да проголтуваат и сокриваат, што од една страна и не е така лошо, а од друга и не е така добро.. стих што ми доаѓа на ум секогаш кога мислам на ова е од песна на групата "Ван Гог" - "Hteo bih negde da te vidim, kao slučajno
U kom džepu ovaj grad te noćas sakrio?"
Градот навистина има многу џебови што ни даваат да се сокриеме од колективот иако сме несомнено негов дел...

крпа12 20 August 2026

Мислам дека несвесно и ненамерно се поставија два проблеми кои ни се затскриваат зад коприната на цивилизациската епоха во која сме влезени. А секоја епоха раѓа свој процес или процеси. Историјата не била процесуална само во предкултурниот период на човекот. Со книгата на пророкот Даниил отпочнува човековото динамично создавање на историјата и во историјата. Зошто го велам ова? Затоа што сите историски процеси се само слика на оние отадестрашните, на метаисториските. И стравот од глобализација, кој е присутен во првиот коментар, е на место, длабоко е интуитивен и воедно и ирационален. Но најрационалните објаснувања на глобализацијата завршуваат со ирационалност. Човекот има тенденција кон утопии, па гледаме дека и низ историјата создавал утопии како што се комунизмот и глобализацијата - две јудео-христијански ереси би рекол Владета Јеротиќ. Како и последниот коментар кој патем „случајно“ го спомна градот во овој елеџе муабет за глобализацијата, идентитетите, трендовите итн. Па јас би направил кратка аналогија околу „малите места и големите средини“. Она што е куќата за селанецот, тоа за човекот од културата е градот. И градот е едно билковидно битие. Сè што се обидува градот да направи од себе е да стане макрокосмос, се обидува да ги рефлектира истите универзални семиотички обрасци како и самиот космос. Организацијата на градот го пресликува својот сопствен светоглед. Градот претставува критериум за светската историја, затоа што секоја голема епоха создавала големи градови. Сите големи култури се градски култури. Токму во атмосферата на градот, во исклучителен момент кога душата на градот ќе ја надмине врзаноста за земјата, се јавува космополитизмот. Додека, од друга страна, доколку се јави пренагласена потреба за контрола и регулација на земјата и природата од самиот град, се јавува феноменот на глобализација. Дали можеме да ја замислиме историјата на светот без историјата на градските луѓе? Додека Авустин го гледал крајот на историјата со доаѓањето на Градот Божји