Кошница

🛒

Кошницата е празна

Списанија →
Почетна
Категории
ФилмЛитератураИнтервјуФилозофијаРелигијаМузикаНастани
Форум Списанија За нас

За Ефимин

Македонско литературно и културно списание — глас на новата генерација.

За нас

Кои сме ние?

ЕФИМИН е списание за мисли што пулсираат под кожата на современата култура. Простор каде што книжевноста, уметноста и философијата се среќаваат со младешката љубопитност, со урбаниот немир и со потребата светот постојано да се преиспитува. ЕФИМИН ја претвора културата во жив разговор — динамичен, интелигентен и длабоко личен. Низ есеи, критики, поезија и колумни се движиме од античка трагедија до современ филм, од театар до музика, од историја до субкултура. Секоја тема станува повод за размислување, секоја наша напишана реченица е обид да се допре нешто суштинско...

ЕФИМИН живее помеѓу академската прецизност и креативната слобода. Помеѓу библиотеките и градските улици. Помеѓу маргините на книгите и разговорите што траат до доцна во ноќта. Тука, културата дише со сопствен ритам — современ, храбар и внимателно граден од нас веќе една година преку првобитната верзија на ЕФИМИН (фанзин). Секој број претставува внимателно обликувана мапа од идеи, емоции и перспективи. Гласови на млади автори што чувствуваат, анализираат и создаваат со интензитет. ЕФИМИН расте како архива на една генерација што чита страсно, мисли длабоко и создава култура со сопствен печат.

Списанието е достапно во печатена форма и дигитално — нарачај го директно до твојата врата или читај не онлајн.

Псалтир
Основано 2023 · Скопје, Македонија
Наша Мисија
"Книжевноста е единствениот простор каде слободата е апсолутна."

Зошто постои ЕФИМИН?

Македонската културна сцена изобилува со талент, чувствителност и интелектуална енергија. ЕФИМИН ја собира таа енергија во едно живо книжевно и уметничко јадро — платформа каде есејот, критиката, поезијата и уметноста создаваат дијалог помеѓу генерациите, идеите и различните начини на гледање на светот.

Ефимин ја негува уметноста што отвора прашања, литературата што остава трага и културата што станува дел од секојдневниот живот.

Независност

ЕФИМИН е независно издание — без политички или комерцијален притисок. Уредничките одлуки ги носи единствено нашата редакција.

Квалитет

Секој текст кој го имаме напишано, или кој ни е испратен поминува низ професионална уредничка обработка. Нема компромис со квалитетот на нашата содржина.

Заедница

Ефимин е заедница затоа што културата секогаш започнува како разговор. Помеѓу авторот и читателот. Помеѓу мислата и чувството. Низ тие допирни точки, различни гласови се среќаваат, се надополнуваат и оставаат трага еден врз друг.

Сакате да соработувате?

За прашања, предлози за соработка или доставување текстови — пишете ни.

efiminmagazine@gmail.com